ИНДИВИДУАЛНО ЧЛЕНСТВО



Постапка за прием на нови индивидуални членови на МНК ИКОМ

До Извршниот одбор на МНК ИКОМ се поднесува пријава со кратка професионална биографија заедно со пополнет и потпишан образец за членство кои треба да бидат скенирани и испратени на icom_mnc@yahoo.com или perekutika@yahoo.com или по пошта на адресата на МНК ИКОМ. Заинтересираните за членство во некој од меѓународните комитети мора во пријавата да напишат и во кој меѓународен комитет сакаат да пристапат. Секој член може да биде активен само во еден меѓународен комитет (со уште три за кои може да изрази интерес). По разгледување на барањето за членство Извршниот одбор на МНК ИКОМ ќе ги информира кандидатите за својата одлука. Членските картици ќе бидат доставени по приемот од седиштето во Париз.
 
Индивидуалната годишна членарина за 2017 година е 24 евра во денарска противвредност за редовни членови и 11 евра во денарска противвредност  за пензионери и студенти. Плаќањето може да се направи на следнава жиро сметка со дознака за чланарина за 2017:
 
Здружение МНК ИКОМ
Комерцијална банка АД – Скопје
300000001008157
 
Ве молиме фотографија или скенирана уплатницата за уплата на чланарина обавезно да се испрати на следните е-маилови: icom_mnc@yahoo.com или perekutika@yahoo.com

[Образец за индивидуално членство во ICOM]