“Museologica Macedonica 11-12“

Со големо задоволство Ве известуваме дека Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ), во рамките на своите програмски активности го изготви зборникот текстови под наслов “Museologica Macedonica 11-12“ (електронско издание).
 
Промоција на зборникот текстови под наслов “Museologica Macedonica 11-12“ (електронско издание) ќе биде одржана на 25 октомври 2013 година (петок) во 12 часот во Музејот на град Скопје.
 
Промотор на изданието ќе биде Проф. д-р Елизабета Димитрова, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ Скопје.