МУЗЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Проект Музеите во Македонија – информативно популарна публикација на македонски и англиски јазик

Автори на проектот се: Захаринка Алексоска Бачева (раководител), м-р Бранислава Михајлова и д-р Крсте Богоески.
 
Првата фаза која што се реализираше во 2014 година ги опфати следните активности: изработка на текстови на македонски јазик и лекторирање на текстовите; хонорирање на авторите на текстовите; изработка на повеќе од 100-тина фотографии на одредени музеи за кои недостасуваа квалитетни фотографии; истражување на различен документационен материјал потребен за квалитетна промоција на развојот на музеите и збирките на територијата на Македонија.
Втората фаза се реализираше во текот на 2015 година и истата беше усмерена кон следните активности: превод на текстовите на англиски јазик и лектура на истите; графичко обликување и печатење на публикацијата. Во изработката на публикацијата беа вклучени и надворешни соработници: Јован Ристов, стручен соработник; Милан Џинго, фотограф; Кирил Ангелов, лектор; Гордан Танасков, преведувач; Леон Џинго, графички дизајнер.


Публикацијата беше отпечатена во печатницата Винсент Графика, Скопје. Вкупно беа отпечатени 500 примероци, од кои 150 на македонски и 350 на англиски јазик.

На 18 декември 2015, во организација на МНК ИКОМ, беше промовирана публикацијата во просториите на Музејот на македонската борба за државност и самостојност. Промотор на публикацијата беше д-р Даворин Трпески, доцент при Катедрата за музеологија на Институтот за етнологија и антропологија на ПМФ од Скопје.