ПРИВАТНО КОЛЕКЦИОНИРАЊЕ НА КУЛТУРНИ ДОБРА


ПРИВАТНО КОЛЕКЦИОНИРАЊЕ НА КУЛТУРНИ ДОБРА - ПРАВНИ АСПЕКТИ од авторот Јован Ристов.

Раководител на овој издавачки проект беше самиот автор. Предметниот издавачки проект е реализиран во текот на 2015 година, во периодот февруари-декември, сметано од предавањето на ракописот до промоцијата на објавената публикација. Во реализацијата на овој издавачки проект учествуваа повеќе лица, анагажирани со договори, секое за одреден вид активности, и тоа: Гордана Ристова, по два основа: компјутерска обработка на ракописот и дизајн на корици; Дијана Петровска, за лекторирање на текстот; Нада Андоновска, за превод на резиме на англиски јазик; проф. д-р Јордан Спасески, прв рецензент; проф. д-р Крсте Богоески, втор рецензент и промотор; проф. д-р Пере Аслимоски, промотор; Јован Ристов, за коректура на текстот.
Промоцијата на книгата е одржана на 23 декември 2015 година во Скопје, во Музејот на Македонија, во организација на издавачот.

Дел од тиражот е поделен на учесниците на промоцијата, а еден дел останува да биде дистрибуиран до надлежните установи за заштита на движното културно наследство.