ПРЕДНОСТИ ОД ЧЛЕНУВАЊЕТО ВО ICOM



Како дел од бенефициите од членството, ќе добиете ICOM картичка која овозможува слободен влез или влез со намалени цени на билетите во музеи членови на ICOM од целиот свет.

Исто така, ќе го добивате нашиот квартален билтен, ICOM News, бесплатно. Во секој број ќе најдете информации за професионални теми поврзани со развојот на музејот, активностите на нашата организација, како и листа на контакти на различни тела на ICOM   ( комисии , придружни организации , Извршниот совет, Секретаријат).

Конечно, како член на ICOM ќе бидете во можност да се приклучите на една од многуте Меѓународни придружни организации на ICOM.