УПРАВУВАЊЕ



ICOM е регулиран во инклузивен и хиерархиски начин, на меѓународно ниво.
Избраниот Претседател е назначен за Генерален директор кој раководи со организацијата и соработува блиску со институционални тела на ICOM .

Генералното собрание и  Советодавниот комитет се одржуваат секоја година, така што членовите на ICOM и раководството на организацијата може да се состанат и заедно да донесуваат одлуки во врска со иднината на организацијата.


Претседател: Suay Aksoy, Турција

Претседателот на ICOM е истакнат претставник на музејската заедница во светот. Како шеф на ICOM, претседателот е задолжен за односите со музејските институции, а исто така, врши редовни работи во сопствениот музеј. Претседателот обезбедува континуитет на политичките ориентации на ICOM  и ја претставува организацијата во ситуации каде што се вклучени и надворешни страни. Тој или таа делегира со управување на обврските на Генералниот директор, на когој му е доверено следењето на ден-за-ден на ICOM.

Suay Aksoy беше избрана за претседател на ICOM со мандат од три години на 9-ти јули 2016 во Милано, Италија.


Извршниот совет е борд на ICOM
Неговата мисија е да ги извршува одлуките и препораките на Генералното собрание и да ги координира активностите на националните и меѓународните комитети на ICOM и регионалните алијанси.
Извршниот совет работи како борд и гарантира дека Стратешкиот план на ICOM треба да се почитува. Тој се состанува два пати годишно и е составен од 16 члена кои се избрани со мандат од три години: претседател, двајца заменици-претседатели, Благајник, 11 обични членови и претседател на Советодавниот комитет (по службена должност член).
  • Претседател: Suay Aksoy, Турција
  • Заменик-претседател: Laishun An, Кина
  • Заменик-претседател: Alberto Garlandini, Италија
  • Благајник: Peter Keller, Австрија
  • Член: Hilda Abreu de Utermohlen, Доминиканска Република
  • Член: Inkyung Chang, Република Кореја
  • Член: Vinod Daniel, Австралија
  • Член: Carlos Roberto Ferreira Brandão, Бразил
  • Член: Carina Jaatinen, Финска
  • Член: Léontine Meijer-Van Mensch, Германија
  • Член: Maria de Lourdes Monges Santos, Мексико
  • Член: Emma Nardi, Италија
  • Член: Terry Simioti Nyambe, Замбија
  • Член: Diana Pardue, Соединетите Американски Држави
  • Член: Carol Scott, Велика Британија
  • По службена должност: Regine Schulz (Германија), претседател на Советодавниот комитет.

Генералното собрание е орган на одлучување кој се состанува секоја година. Ги поставува правилата за функционирање и го усвојува Стратегискиот план на ICOM на секои три години на Генерална конференција.

Ги избира членовите на Извршниот совет и му дава упатства преку збир на решенија.

Генералното собрание се одржува секоја година истовремено со годишниот состанок на Советодавниот комитет и е привилегирно собиралиште на членови на ICOM.

Советодавниот комитет е советодавно тело на ICOM. Тоа ги дели своите забелешки со Извршниот совет.

Советодавниот комитет е составен од Претседателите на националните и меѓународните комитети на и придружни организации и негов Претседател и заменик-претседател се избираат од редот на своите членови со мандат од  три години.

Советодавниот комитет се состанува еднаш годишно и неговите дискусии и препораки помагаат да се дефинираат претстојните активности на ICOM во комуникација со Извршниот совет.


Генералниот директор: Anne - Catherine Hauglustaine - Robert (Белгија)

Генералниот директор претставува постојаниотв шеф во работењето на на ICOM. Тој или таа, исто така, е портпарол на организацијата и на светската музејска заедница, при обраќање на  институции, надворешни организации и граѓанското општество. Мисиите на Генералниот директор е да се здружуваат музејски професионалци со цел да се воспостави репутацијта на ICOM, статусот и присуството во меѓународната сфера, за да се обезбеди финансиска поддршка од партнерите, како и приватни донатори и да се зајакне ефикасноста на ИКОМ, со цел да се зголеми и промоцијата на услуги и програми во рамките на организацијата.