ИСТОРИЈАТ



Со текот на годините, имајќи ја во предвид својата главна мисија, ICOM еволуираше во согласност со потребите на музејските професионалци во светот. Повеќе од 60 години по своето создавање, организацијата продолжува да биде глобална музејска заедница.

1946 - 1947: ICOM е роден
Во рок од една година од своето создавање, две средби го одбележаа раѓањето на Меѓународниот совет на музеите. Првата се одржа во Париз по повод создавањето на ICOM на иницијатива на Chauncey J. Hamlin (САД), кој стана првиот претседател на организацијата. Вториот состанок, воедно и прво Генерално собрание на организацијата, се одржа во Мексико.
 
1947 - 1968: ICOM расте
Првите седум општи Конференции на  ICOM  беа одржани помеѓу 1948 и 1965 година Во текот на овие години, организацијата ја разви својата структура, нејзината географска застапеност, а неговите активности станале професионални и доследни. На последните две Генерални конференции (одржани во Хаг во 1962 година и во Њујорк во 1965 година) биле истакнати потребите и ентузијазмот на учесниците.
Трите главни проблеми во текот на овој период беа образовната улога на музеите и  изложбите, меѓународната размена на културните добра и  конзервацијата и реставрацијата на културни добра.
 
1968 - 1977: Криза и транзициски години
До 1968 година, долгот на ICOM стана хроничен. Додека активностите, проектите и трошоците продолжија да растат, членарината не беше променета во текот на овие осум години. Во меѓувреме, еден нов тип на музејот беше развиен, во согласност со менувањето на улогата на музејот во општеството. Во почетокот на 1970-тите години, постоењето на ICOM беше ставено на ризик. Единствено решение беше да се зголемат своите ресурси (на членството и соодветните давачки), со што бил ставен крај на оваа неправедна и застарена ситуација.
Статутите беа ревидирани. До тогаш бројот на активни членови беа ограничени на 15 во еден Национален комитет.
По Генералната конференција во Гренобл, во 1971 година, била развиена идеја дека ICOM треба да му даде еднаков статус на поединечните членови и реформата била усвоена во Копенхаген во 1974 година со која активните членови и придружните членови формираа една категорија. Демократскиот дух преовладал и сите членови на професијата имале право да гласаат и да се кандидираат за било која функција на ICOM.

1977 - 1989: ICOM оди меѓународно
ICOM почнал да ги развива своите активности во земјите во развој во 1977 година.
Во резолуцијата усвоена во Москва во 1977 година, обезбедил поддршка за обука на вработените во музеите и реставраторите во земјите во развој во Азија, Африка и Латинска Америка. Ова резолуција ја истакнала потребата за квалификувана работна сила и комуникација меѓу експертите. Таа, исто така промовирала циркулација на техничка опрема за обука за конзервација.
Четири одлучувачки конференции во 1977, 1980, 1983 и 1986 година овозможиле ICOM да ги исполни двете стратешки цели:
- финализирањето на политиката на музеите во служба на општеството и на неговиот развој
- усвојување на Кодексот за етика, референтен документ.

1989 - 1996: Ефикасност и универзалност
Финансиската состојба на ICOM станала поздрава и дефицитот е апсорбиран во 1994 година. Политиката на прибирање финансиски средства го отвори патот за ветувачка иднина.
Репутација и глобална акција на ICOM  помогна да ја зголеми својата видливост. Овој резултат беше само награда за полувековните напори.
Во време кога многу меѓународни организации се бореле со финансиски и структурни проблеми, ICOM ги одржувал универзалноста, флексибилноста и имагинацијата која овозможила да се исполнат барањата на професијата.
Препораките на најновите Генералните собранија го отвориле патот за културната политика, зајакнувајќи ја идејата дека економскиот развој и културните фактори биле неразделни.

1996 - 2004: Нова ера на активности
Од 1996 година, ICOM ја засили борбата против нелегалната трговија на културни добра преку развивање на Црвените листи и сериите на  Сто исчезнати предмети. Активностите за превенција на ризикот поврзан со природни или вештачки катастрофи беа забрзани со програмата за итни случаи на Музејот (MEP) започната во 2002 година, како и учеството на ICOM во Меѓународниот совет на Синиот штит (ICBS).
Со ваквиот развој на настаните, ICOM го зголеми своето присуство во глобалната музејска заедница и современото општество.

2004 - денес: ICOM се отвора кон Азија
ICOM создаде нова работна група со цел да се воспостави нова стратегија на организацијата. Оваа работна група направи извештај наречен Кутија со алатки за обнова на ICOM. Покрај тоа, Водење на музејот: практичен прирачник наменета за професионалци  објавен од ICOM. Таа стана референтна алатка за меѓународната музејска заедница по прашањата за обука.
ICOM продолжи да ги развива активностите по однос на заштитата на културното наследство, особено со своето активно учество во Синиот штит и управувањето на Object ID . Заштита на нематеријалното културно наследство стана составен дел од програмските активности на ICOM. Сите овие елементи придонесоа за институционалното влијание на ICOM.
ICOM ја одржа својата прва Генералната конференција во Азија во 2004 година во Сеул, Кореја. Со тоа ICOM ја истакна својата желба за уште позначително да ја вклучи својата организација на  азискиот континент. Оваа стратегија беше зајакната во 2010 година, преку присуство на ICOM во Шангај на Светскиот саем и организирајќи ја својата Генерална конференција во Шангај за 2010.